| |

Јотова додели Почесни знаци на истакнати културни дејци и институции во Бугарија

Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, додели Почесни знаци на претседателот на личности и институции како признание за нивните заслуги во образованието, културата, литературата и уметноста. Церемонијата се одржа во Салата со државниот грб, во зградата на претседателската институција во Софија, јавува БТА.

Меѓу наградените е Национална академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“, по повод 150 години од раѓањето на нејзиниот патрон. Признанието му беше врачено на ректорот Мирослав Дачев.

Со Почесен знак беа одликувани и пијанистката Борислава Танева, поетот Георги Константинов, поетот и јавен деец Тенко Тенев, како и почесниот конзул на Италија во Пловдив Џузепе де Франческо.

Во своето обраќање, Јотова истакна дека во свет исполнет со конфликти, улогата на бугарските интелектуалци е „исклучително голема“ и дека наградените придонесуваат за развојот на бугарската духовност и култура. Таа го цитираше и Свети Кирил Филозоф: „Без книжевност душите се сиромашни“.

Во име на наградените, Георги Константинов се заблагодари за признанието и нагласи дека мај е месец посветен на делото на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската писменост и духовност.

Слични Објави