ОПШТИНА ВЕЛЕС АПЕЛИРА: ПОМОГНЕТЕ ДА ГО ИЗГАСНЕМЕ ПОЖАРОТ НА ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ
Општина Велес упати јавен повик до граѓаните да се вклучат во гаснење на пожарот кој избувна кај езерото Младост и кој опустоши огромна површина. Сите граѓани што сакаат доброволно да помогнат при гаснењето на пожарите може да се пријават на дежурниот телефон на ТППЕ: 193
„Ве молиме, во оваа тешка ситуација, во која сите граѓани на Велес се соочени со губење драгоцени природни ресурси на езерото Младост, да помогнеме со поттик и пораки до сите што се стручни да обезбедат помош. Територијалната противпожарна единица почна акција веднаш по избувнувањето на пожарот и во моментот се користат сите расположливи средства за локализирање на пожарот. Градоначалникот Аце Коцевски е на самото место со стручните служби. Во акцијата се вклучи и АРМ со хеликоптери. Во гаснењето се вклучени и авиони ‘канадери’. Ве молиме, со вашите пораки и поддршка, заеднички да помогнеме да се надмине оваа кризна ситуација“, се вели во апелот на Oпштина Велес.
Извор: Макфакс

