|

„Основната плата на вработените во општинската администрација ќе се зголемува за 7%, три години последователно“, велат од општина Тетово

Општина Тетово и Синдикатот на работниците потпишаа договор за зголемување на платите на општинската администрација.

Според договорот, почнувајќи од следниот месец, основната плата на вработените во администрацијата ќе се зголеми за 7%, додека ова зголемување ќе продолжи и во наредните три години.

Општината нагласува дека оваа одлука е во функција на подобрување на условите за вработените и мотивирање на општинската администрација, ценејќи ја нивната посветеност и секојдневна работа.

Претставниците на Општината и Синдикатот оценија дека институционалната соработка останува клучна за унапредување на правата и благосостојбата на работниците, се додава во соопштението на Општината.

Слични Објави