|

Љупчо Николовски повикан на информативен разговор, тврди дека станува збор за „монтиран случај“

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје, потврди МВР.

Според информациите, се работи за наводна, злоупотреба на јавна набавка во вредност од повеќе од 800.000 евра, спроведена додека бил министер.

Николовски преку Фејсбук објави дека станува збор за „монтиран случај“ со кој, како што наведува, актуелната власт се обидува да ја покрие сопствената неспособност и криминал.

„Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“, напиша Николовски.

Тој во објавата се повика на реформите што биле спроведени за време на неговиот мандат, посочувајќи ги новите семејни винарии, малите производители на храна и македонските вински етикети.

Во статусот, Николовски ја обвини актуелната власт и за низа скандали во земјоделскиот сектор, меѓу кои и случаи поврзани со ИПАРД, Платежната агенција и Земјоделскиот инспекторат.



Слични Објави