„Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, велат од СДСМ
„’Со гадење’ вака внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарски медиуми дадено пред два дена, одговара на прашањето ‘Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше?’ Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, велат од СДСМ.
„Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти. Гоце Делчев се бореше за правда, а не за криминал и корупција.
Се бореше за иднина, а не за изолација и блокада. Гоце Делчев денес би бил борец за Европска Унија, а не за политика која нè враќа во 90-тите години, политика на поделби и деструкција, политика на воена пропаганда.
Денес ВМРО-ОКГ води политика на вештачки конфликти со соседите, на поделби во општеството и на блокирање на европскиот пат.
Тие го користат името на Гоце Делчев за своја пропаганда, а истовремено ја држат Македонија како заложник на својата криминална организација.
СДСМ продолжува да се бори за вистинските идеали на Гоце Делчев – за единствена, слободна и европска Македонија. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, соопшти СДСМ.
