| |

Елитно бугарско приватно училиште потпиша договор за соработка со британски колеџ во кој учеле принцот Филип и кралот Чарлс III

Елитното бугарско приватно математичко училиште „Питагора“ и престижниот британски колеџ „Гордонстаун“ потпишаа договор со кој „Питагора“ добива право да отвори филијала во Софија со претставништво за Југоисточна Европа. Договорот го потпишаа Михаил Крстев, извршен директор на групата „Питагора“, и Рори Томас, претседател на управниот одбор на британската институција, јавува 24 часа.

„Гордонстаун“, е меѓу петте најдобри британски средни училишта и има кралски традиции, бил образовна институција на принцот Филип, кралот Чарлс III и други членови на британското кралско семејство.

„Горд сум, бидејќи договорот е признание за резултатите на ‘Питагора’, за нивото на бугарското образование и за можноста во Софија и Бугарија да се образува елитата на регионот“, изјави Михаил Крстев. Рори Томас нагласи дека е горд поранешен ученик на „Гордонстаун“, каде што и неговиот татко бил наставник и директор.

„Питагора“, одбележува 15 години од основањето, а на 15 септември ќе отвори училиште и во Варна. Во меѓународната програма е и подготовка за отворање филијали во ОАЕ од 2028 година.

Јубилејот беше одбележан со концерт во сала 1 на НДК и со поздравни пораки од државни и образовни институции, меѓу кои и претседателката Илиjaна Јотова, која го истакна авторитетот и придонесот на училиштето во развојот на современото образование во Бугарија.

Слични Објави