Зошто ДУИ ја брани урбаната мафија во Тетово, прашуваат од „Вреди“
Редот и законот вратени во Тетово со владеењето на Билал Касами станаа трн во око за ДУИ, оценуваат во „Вреди“
Тие што сакаа да го претворат Тетово во пашалак на Дака Давидовиќ, човек на американската црна листа, и ја оставија општината со долг од 24.000.000 евра, не можат да сфатат како Билал Касами го трансформираше Тетово за само еден мандат, истовремено намалувајќи го долгот.
Во времето на ДУИ, не можеше да се изгради Стадионот на Тетово поради приватни узурпации на имотите. Беа узурпирани и Спортскиот центар и многу други јавни имоти. ДУИ ги затвораше очите и ушите пред урбаната мафија поради коруптивни интереси“.
Според оваа партија, со доаѓањето на Билал Касами на чело на Тетово, имотите им беа вратени на граѓаните.
„Стадионот на Тетово конечно се гради. Се градат патишта и булевари. За првпат по многу децении се градат две средни училишта во Тетово.
Покрај решавањето на проблемите со основната инфраструктура, водоснабдувањето и канализацијата, ВЛЕН и Билал Касами градат и спортски сали и базени, претворајќи го Тетово во европски град.
Овој развој ѝ пречи само на ДУИ. Опозицијата има носталгија за времето кога двојката Бајрам Реџепи – Теута Арифи ја задолжија општината, ги продаваа јавните имоти на сомнителни проруски бизнисмени и ги оставија тетовци во кал и беда“.
За среќа, ккао што оценуваат, тоа време повеќе нема да се врати.

