| |

Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија со остра осуда за палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија остро го осуди палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопје.

„ЕУ остро го осудува палењето на возилата на бугарската амбасада во Скопјe. Го поздравуваме брзото апсење на осомничениот и очекуваме одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Конструктивната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да продолжи“, стои во пораката објавена на социјалната мрежа X од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје.



Слични Објави