Амбасада на Бугарија во Скопје: Најнастојчиво молиме да не се блокираат граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија
Амбасадата на Бугарија во Скопје повика да не се блокираат граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова станува јасно од објава на официјалната Facebook страница на бугарската амбасада потпишана од амбасадорот Желјазко Радуков.
Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на бугарската амбасада во целост и без уредничка интервенција:
Амбасадата на Бугарија во Скопје им се заблагодарува на сите бугарски институции, организации и граѓани кои ја изразија својата поддршка за мисијата во сегашните особено тешки услови.
Го поддржуваме и правото на мирен граѓански протест како фундаментално право во секое вистински демократско општество.
Истовремено, најнастојчиво молиме да не се предизвикува блокирање на гранични премини или патишта меѓу Бугарија и Северна Македонија.
Интересот на нашата држава бара да бидеме отворени кон своите југозападни соседи, да го поттикнуваме нивното запознавање со современата бугарска култура, да ги охрабруваме контактите меѓу одамна разделени семејства, да ја продлабочуваме економската соработка и трговијата.
Тоа е најдобриот начин да ѝ се спротивставиме на омразата. Само така ќе ги потсетиме нашите соседи колку сме блиски и какви се придобивките не само од нашата заедничка историја, туку и од нашата заедничка иднина во Обединета Европа.
Изразувањето на незадоволството и загриженоста на бугарското општество од случувањата во Скопје треба да има конструктивен и европски карактер.
Исто така, им обрнуваме внимание на одредени медиуми и јавни личности во Северна Македонија дека е неосновано и непродуктивно да ги определуваат бугарските организации како „анти-македонски“ поради различни оценки и ставови за состојбата на билатералните односи и политиката на властите во Скопје.
Плурализмот е карактеристична особеност на демократијата и неговото пројавување не е насочено „против“ кого било, туку има за цел отворање меѓуопштествен дијалог како предуслов за градење слични наративи и разбирање.
Со почит и благодарност,
Желјазко Радуков, амбасадор

