| | |

(Галерија) Над 200 музичари од Бугарија, Северна Македонија и Грција ја изведоа „Кармина Бурана“ во Скопје

Над двесте музичари од Бугарија, Република Северна Македонија и Грција настапија заедно на една сцена во Градскиот парк во Скопје, каде што ја изведоа кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Настанот собра многубројна публика и се претвори во една од највпечатливите музички вечери во главниот град на Република Северна Македонија, јавува Бугарскиот културно-информативниот центар во Скопје.

Концертот се одржа под диригентската палка на светски познатиот бугарски диригент маестро Најден Тодоров. Во него учествуваа музичари од Софиската филхармонија, Филхармонијата на Република Северна Македонија и Државниот симфониски оркестар од Солун, како и хорските состави од Националната опера и балет на РСМ, Детскиот хор „Пиколо“ и Солунскиот детски хор.

Солисти во ова грандиозно остварување беа сопранот Ана Дурловски од Република Северна Македонија, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов.

Концертот во Скопје е дел од серија музички настани во Софија, Солун и Скопје, реализирани по идеја на маестро Најден Тодоров. Иницијативата обединува водечки музичари и институции од регионот на Југоисточна Европа и го става акцентот врз културната соработка меѓу соседните држави.

Галерија од настанот можете да видите на следниот линк.



Слични Објави