Генералната директорка на БНТ Милена Милотинова го доби признанието „WEBIT Changemakers“ за нејзиниот придонес кон имиџот на Бугарија
Генералната директорка на БНТ, Милена Милотинова, доби признание „WEBIT Changemakers“ за придонесот во градењето на глобалниот имиџ на Бугарија и за јакнењето на угледот на јавната телевизија, јавува БНТ.
Признанија добија и новинарите Бојко Василев од „Панорама“ и Мариана Векилска од „Бугарија во 60 минути“, кои беа прогласени за „Двигатели на иднината“.
„Ова е признание не е само за мене, туку за целиот тим на Бугарската национална телевизија, кој работи 24 часа, седум дена во неделата“, изјави Милотинова. Таа истакна дека БНТ во последните три месеци постигнала значајни резултати, меѓу кои и меѓународниот успех со освојувањето на домаќинството на „Евровизија“ во 2027 година.
Основачот на WEBIT FOUNDATION, Пламен Русев, изјави дека е горд што Милотинова станува дел од заедницата на луѓе кои се „двигатели на иднината“. „Тоа што Бугарија го направи со Евровизија беше уникатно“, рече Русев.
