Во романскиот град Тулча ќе биде откриена биста-споменик на бугарскиот револуционер Стефан Караџа
Во романскиот град Тулча на 30 јуни ќе биде откриена биста-споменик на големиот бугарски револуционер Стефан Караџа, јавува Актуално. Иницијативата е на Амбасадата на Бугарија во Букурешт и е поврзана со зачувувањето на бугарското културно-историско наследство во Романија.
Споменикот ќе биде поставен во центарот на градот, во близина на црквата „Свети Георги“, позната и како „Бугарската црква“. Стефан Караџа живеел во Тулча од јуни 1854 година до април 1862 година, пред да замине за Белград и да се приклучи на Првата бугарска легија.
Проектот е реализиран со поддршка на Амбасадата на Бугарија во Букурешт, Општина Тулча, бугарски општини, донатори и Бугарско-романската трговска комора. Бистата е реплика на дел од споменикот на Стефан Караџа во Русе.
