Студентскиот фолклорен ансамбл на ЈЗУ „Неофит Рилски“ ќе настапат на два концерти во Јапонија
Студентскиот фолклорен ансамбл на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ Благоевград во јули со два концерта ќе го претстави бугарското танцово творештво во Јапонија, соопштија од високообразовната установа.
Проф. Николај Цветков од Катедрата „Хореографија“ при Факултетот за уметности изјави за БТА дека гостувањето е по покана на јапонската Национална федерација за фолклорни танци, по повод одбележувањето на нејзината 70-годишнина, која се совпаѓа и со 50-годишнината на универзитетот во Благоевград.
„Имаме чест нашиот ансамбл да биде дел од овој празник со два концерта и еден научно-практичен семинар“, посочи проф. Цветков.
Ансамблот е составен од студенти на универзитетот – додипломци, магистранти и докторанти од катедрите „Хореографија“ и „Музика“. Според проф. Цветков, ансамблот на ЈЗУ „Неофит Рилски“ е единствениот претставник на Бугарија што ќе учествува на настанот.
Пред публиката во Јапонија студентите ќе претстават фолклорни образци од сите региони на Бугарија. „За студентите ова е многу возбудливо искуство, иако настапувале на големи сцени во Бугарија, ова е нешто многу поинакво“, рече проф. Цветков.

