| |

Почина големиот бугарски актер и режисер Јосиф Срчаџиев

Почина големиот бугарски актер и режисер Јосиф Срчаџиев, пренесе БНТ. Тој починал на 1 јули, а опелото било одржано денеска во тесен круг, по негова изрична желба, јавува БГНЕС.

Срчаџиев сакал да биде запаметен не по смртта, туку по своето присуство во бугарскиот културен живот.

Роден е на 2 мај 1945 година во Софија, во семејството на режисерот Стефан Срчаџиев и Ана Фаденхехт. Првите театарски настапи ги имал во домашниот театар „101 дупки“, организиран со неговите браќа Богдан и Николај.

Првпат се појавил на филм во „Наша земја“ во 1952 година, во режија на неговиот татко. На сцената на Народниот театар првпат настапил во 1960 година, на 15-годишна возраст, во претставата „Сирано де Бержерак“.

Поклон пред неговиот светол спомен.



Слични Објави