| |

Бугарски ученици освоија 9 медали на Европската олимпијада по географија

Бугарски ученици постигнаа нов академски успех, освојувајќи 9 медали на Европската олимпијада по географија EGEO 2026, што се одржа во Варна од 28 јуни до 3 јули, јавува Актуално.

На 12-то издание на олимпијадата учествуваа над 100 ученици од 13 држави. Бугарија, која првпат беше домаќин на меѓународна ученичка олимпијада по географија, освои 2 златни, 5 сребрени и 2 бронзени медали.

Во категоријата до 16 години Тeја Спирова од Математичката гимназија во Варна освои златен медал и апсолутно прво место. Сребрени медали добија Калина Шипкова од Казанлак, Стефан Стефанов од Софија и Лев Беленкиј од Варна.

Во категоријата до 19 години злато освои Звездемир Пенев од Варна. Сребрени медали добија Л’чезар Митев и Борис Донков од Софија, а бронзени медали освоија Теодор Кочков од Софија и Делјан-Слав Мирев од Варна.

Бугарскиот тим го водеа Руслан Милев и Бела Момерова. Натпреварот се одржа целосно на англиски јазик и вклучуваше писмен испит, практична теренска работа и мултимедијален тест.

Олимпијадата беше организирана од Министерството за образование и наука, Математичката гимназија „Д-р Петар Берон“ во Варна, Геолошко-географскиот факултет на Софискиот универзитет, Општина Варна и Здружението на олимписките тимови по природни науки.

Слични Објави