| |

Софија, Пловдив, Бургас и Варна во трка за домаќин на Евровизија во Бугарија

Четири бугарски града поднеле документи за организација на Евровизија во Бугарија, соопшти генералната директорка на Бугарската национална телевизија, Милена Милотинова, преку објава на социјалната мрежа Facebook.

Станува збор за Софија, Пловдив, Бургас и Варна, кои изразиле интерес да бидат дел од процесот за избор на град-домаќин на најголемиот музички настан.

„БНТ бара не само место за одржување на најголемиот музички настан, туку град-партнер кој ќе го помине целиот пат со нас до мај 2027 година“, наведува Милотинова.

Како што станува јасно од нејзината објава веќе е формирана работна група која од понеделник ќе започне со оценување на пристигнатите предлози. Проценката ќе се врши според јасни критериуми и стандарди на Европската радиодифузна унија — EBU.

Милотинова најави дека јавноста ќе биде информирана етапно за текот на процесот и следните чекори околу изборот на градот-домаќин.

Слични Објави