| |

Започнува археолошкото истражување на средновековниот град Русокастро во Бугарија

Во текот на оваа сезона археолозите од Регионалниот историски музеј – Бургас имаат задача да ја доистражат западната крепосна ѕидина на градот, во нејзиниот југозападен сектор, јавува БГНЕС. Така ќе се отвори целата линеарна должина од 300 метри на ова монументална фортификациска градба, изградена во првата половина на 13 век од бугарските цареви.

Друга задача ќе биде откривањето на станбената архитектура во самото јадро на градот.

Во моментов на Русокастро се одвиваат обемни конзерваторско-реставраторски работи, а проектот за целата цитадела на градот веќе е усогласен од Министерството за култура.

Русокастро е меѓу приоритетните објекти за Бугарија, за кои се доделува наменско финансирање, заедно со Перперикон, Хераклеја Синтика, Провадија-Солницата, Рацијарија и еден од средновековните манастири крај Велико Трново. И оваа година средства за ископувањата се обезбедени од државниот буџет и од Општина Камено.

Слични Објави