|

ТРИЧКОВСКИ: МАКЕДОНИЈА И ВМРО СЕ РАЗВЕДУВААТ!

„Имам впечаток дека на средбата со “главата на октоподот”, Мицко ќе се обиде да капитулира!
Меко.
Не само впечаток.
Ја имам сета политичката форензика.
Друг резултат не е можен.
Ќе капитулира веќе по тоа што како опозиционер прифатил да оди таму кај што според пучистичката програма на својата инсталација и на нејзините домашни и странски геромилски партнери, веќе требаше да седи како власт и, второ, по тоа што ќе оди кај “злото”, кај “деспотот” и “диктаторот”, кај “чудовиштето”, што ја “обезими”, “обезличи”, “опљачка” и “уништи” и, на крајот, “геноцидира”, Македонија. На митинг, што според проекциите што му ги емитира чипот што го носи зад десното уво, е пораз по дефиниција
Да е Борис Џонсон ќе претпочиташе да умре во некој ендек.
Претпоставувам!
А и како Христијан може да одбере таков крај ако по пат за кон Заев, налета на најпознатиот аранжер на свежи мртовци во ендеци, господинот Мартин Про!
Туѓ Ер.
Заев е фин господин и нема да го пушти да си оди како тотален губитник. Колку и да звучи блесаво, тоа во овој момент не би било добро за стабилноста на системот и на процесите.
Некакво ниво на отпорот мора да се задржи.
Макар било и најглупавото.
И-што!?
Мицко ќе соопшти дека од Заев издејствувал ветување дека кон крајот на следната година ќе се одржат предвремени парламентарни избори. Ако не искрснат други приоритети. Тоа нема да го каже. Или дека, бла бла бла, сите инволвирани во “Рекет” мора да одговараат. Што никогаш не било спорно. Или дека го принудил Заев да се откаже од можноста да ги ебе вмороните по прашањето на Законот за јавното обвинителство. По прашањето кое беше ударната песница на нивната деструкција. И на спасот во таа деструкција. А во пресвртот што го направија Катица и Јовевски, дозволувам дека во предавањето на предметите на СЈО на ЈО, имало и по некоја политичка координација, хахаха, престана да биде минимум релевантна позиција.
Или по кое било друго прашање.
И, се такви некои тактички паламуди кои треба да го елиминираат или, макар, ублажат, чувството на тотален пораз на еден неук, примитивен, ограничен, злобен и амбициозен човек и на неговата партија која никогаш не стигна да проработи како категорија на македонскиот демократски систем, затоа што цело време беше и се уште е искрвена под тежината на злосторничката мисија.
Зошто ќе биде така како што пишува тука!?
Можеби претерувам во историската рекапитулација, но едно морам да кажам: лигавите наслаги на вмровскиот шлајм се разбиени со антибиотиците на страста и борбата, на разумот и трпението, на правдата и моралот, на солидарноста и меѓународната помош…
Македонија може повторно да дише.
Слободно!
Аферата “Рекет” беше замислена како политички “Доријан” кој требаше да ја бутне “предавничака” власт, да ги прекине процесите на консолидација и интеграција, демек, двете клучни артерии и повторно да ја закачи Македонија на вмровските конци на ритуалното самоубивање.
Обаче, од ураган од шеста категорија, “Доријан” се претвори во благ маестрал кој тотално ги изневери очекувањата на вмороните и го означи дефинитивниот пораз на вмро-дпмне по сите три точки: крај на историјата на државните удари и на идејата за тотално потчинување на држава, категоричното продолжување на консолидациските и интеграциски процеси, крај на антимакедонските вмровски шеми и од позиција на власт и од позиција на опозиција. Се заедно пакет кој ја остава злосторничката инсталација на Мицко без храна, вода и лекови.
ВМРО-ДПМНЕ ја загуби војната за Македонија.
Добија некои битки и нанесоа немерливи штети, но војната за и против Македонија ја загубија.
По втор пат.
Првата ја загубија во епопејата 1941/45.
Дефинитивно.
Епиката на темите за таканаречените национални интереси (името, соседите, уставот, хармонизацијата на општеството, рамноправноста на национална, верска, сексуална и секаква друга основа) не ја инсталира инсталацијата како неприкосновен фактор, туку ја оддува од истириската и политичка сцена како релевантно и одржливо значење и функција и ја остави само како материјална сила на општественото дно, раска во окото, траблмејкер, куче што лае на месечината или на моторџиите што разнесуваат пици.
Поразена е идејата во која државата требаше самата себе да се сведе на функција на единствената, правоверна партија. Идејата за историската ревизија на Република Македонија и на нејзината внатрешна, општествена, културна и национална суштина. Тоа беше идејната водилка на режимот на Груевски, мисија на која и беше подредена дури и пљачката.
Победи концептот на демократијата, идејата за правната држава, за поделбата на власта, за интегрираноста во Европа како битна компонента дури и суштина на постоењето. На хармонизација на Македонија и на нејзината внатрешна суштина и капацитет со себе, со соседите и со светот. Што е подвиг без преседан. Тие определби се далеку од реализација, сите знаеме какви се проблеми постојат, но за темава е битно дека во пресметката на историската крстосница, Македонија го фати встинскиот правец. Кој ќе биде потврден со членството во НАТО и со почетокот на преговорите со ЕУ.
Вмро-дпмне е во големи проблеми. Мислам дека Мицковски нема да го преживее овој шок. Прво, мора да сфатат дека темите на кои се репродуцираше вмро, се симнати од дневен ред. Или се пред симнување. Второ, мора да решат да влезат во нормална демократска битка на интереси и визии, но тоа ќе биде многу тешко затоа што тие немаат политички нерв и култура за такво деликатно дејствување, а немаат ниту луѓе. Конечно, Мицко ќе треба да им објасни на луѓето како тоа нема враќање на власт кога сето членство и симпатизерите ги беше запалил со изгледите за непосредно освојување на власта“, напиша новинарот Бранко Тричковски.

Слични Објави