Во Бугарија почна меѓународната поморска вежба „Бриз 2026“
Националната поморска вежба со меѓународно учество „Бриз 2026“ започна денеска и ќе трае до 19 јули во бугарскиот дел од западното Црно Море, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.
Целта на вежбата е подобрување на оперативата и координацијата меѓу учесниците преку заеднички поморски операции, одговор на кризни ситуации и справување со последиците од големи несреќи и инциденти.
Учествуваат воени бродови, воздухоплови, беспилотни подводни апарати, нуркачки тимови и штабни офицери од Бугарија, Албанија, Грузија, Грција, Италија, Полска, Романија, САД, Турција и Франција. Вклучени се и бродовите од Противминската група во Црното Море, како и Европската агенција за поморска безбедност.
„Бриз“ годинава се одржува по 30-ти пат. Во вежбата учествуваат структури од пет министерства, 26 државни институции, невладини организации, доброволни здруженија и приватни компании.
Со вежбата раководи командантот на бугарските Военноморски сили, контраадмирал Кирил Михајлов.
