| |

Средба Петрова-Котари: Во фокусот напредокот на Бугарија во процесот на пристапување кон ОЕСР

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова, се сретна со координаторката за пристапување на земјите кандидати во Секретаријатот на Организацијата за економска соработка и развој (ОEСР), Гита Котари, која престојува во работна посета на Бугарија, јавува МНР на Бугарија.

Петрова изјави дека Бугарија останува посветена на завршување на техничката фаза од пристапниот процес во текот на оваа година и нагласи дека членството во ОЕСР е стратешки приоритет на владата. Таа истакна дека тоа ќе придонесе за усогласување на политиките со најдобрите меѓународни стандарди, повисоко ниво на доверба и подобра инвестициска клима.

Од своја страна, Гита Котари позитивно го оцени досегашниот напредок на Бугарија, нагласувајќи дека земјата сега има редовна влада која влева доверба и е решена успешно да го заврши патот кон членството.



Слични Објави