ЈАНУШЕВ: МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ ПОВТОРУВАЊЕ НА УШТЕ ЕДНА КАТИЦА ЈАНЕВА
„Македонија не смее да си дозволи повторување на уште една Катица Јанева. Операцијата на власта за спасување на сопствениот криминал ќе удри во ѕид, порано или подоцна, а вистината ќе се знае.
Власта не ја интересира СЈО, колку што ја интересираат механизмите за политички притисок. И да не ја замајуваат јавноста, не се они потресени за добивање на правда зошто на секој чекор сеат неправда, туку се потресени поради тоа што се ближи смената на власт по која ќе мораат да се соочат со законот и со своите постапки.
И да, да не заборавам, вечер ќе се отвори и прашањрто за предвремени извори. Заев во едно пишано интервју вели дека води над 3 проценти, во ред, нека верува во лажни анкети наменети за храбрење на своите редови, јас ќе верувам во народот, и ако е така тогаш верувам нема да му пречи да распише избори.
А, на изборите народот ќе си дојде по своето и ги чека пораз, и тоа голем и убедлив“, напиша на својата официјална facebook страна, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

