| |

Рекордни 280 учесници на походот „По стапките на Апостолот“ во Бугарија

Во Плевен вечерва почнува 32-то издание на Националниот туристички поход „По стапките на Апостолот“. Свеченото отворање е во 19 часот пред споменикот на Васил Левски, од каде учесниците ќе тргнат по традиционалната маршрута кон Карлово, јавува БНР.

Годинава походот бележи рекорд со повеќе од 280 учесници. Најмлада е четиригодишната Александра, која учествува по третпат, а највозрасен е 80-годишниот Васил Чардаклиев, потомок на Левски. Ќе учествуваат и семејства од САД, како и туристи од Австрија.

Походот ќе заврши во Карлово, каде пред споменикот на Левски ќе биде осветено новото знаме на иницијативата. Предвидено е основачот на походот, Васил Копчев, да добие признание од Фондацијата „Васил Левски“ по повод неговиот 80-ти роденден.



Слични Објави