Петрова за Euronews: Бугарија ќе го поддржи 21-oт пакет санкции против Русија
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова во интервју за „Еуроњуз“ изјави дека Софија е подготвена да го поддржи 21. пакет санкции против Русија, откако ставот на бугарската влада бил прифатен од партнерите.
„Санкциите треба да бидат ефикасен инструмент за економски притисок што ќе придонесе за праведен и траен мир“, нагласи Петрова.
Таа најави и продлабочување на соработката со Украина во енергетскиот сектор, вклучително и можности за зголемување на испораките на природен гас, со цел зајакнување на украинската енергетска безбедност.
Во однос на Блискиот Исток, Петрова истакна дека Бугарија продолжува да го поддржува подобрувањето на хуманитарната состојба во Газа и решението со две држави како основа за траен и праведен мир.

