Грчки студенти го истражуваат животот и наследството на Родопите
Осум студенти и еден професор од Грција престојуваат во смолјанското село Славејно, каде во текот на една недела ќе ги проучуваат животот, традициите и културното наследство на планината Родопи, пишува БТА.
Посетата е дел од Меѓународната летна школа по етнологија и културна антропологија „Meeting the Mountains“, организирана од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во соработка со Универзитетот „Пантеон“ во Атина.
Учесниците веќе ги посетија селското читалиште, музејската куќа на проф. д-р Константин Чилов, локалната црква и производствениот погон на шумарската задруга „Мурџов пожар“.
„Им ја претставуваме историјата на селото, занимањата и начинот на живот на луѓето во Родопите. Ним сè им е интересно – природата, традициите и секојдневието на локалните жители“, изјави Сијка Касабова, раководителка на образовниот центар „Родопи“.
По завршувањето на практичната настава, студентите ќе подготват трудови за животот, културата и наследството на родопскиот регион. Според Касабова, интересот на странските студенти и научници за Славејно и Родопите постојано расте, а центарот се развива како место за меѓународна академска размена и теренски истражувања.
