„Кога ќе им се извини Мицкоски на граѓаните за навредите“, прашува СДСМ
„Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните, нарекувајќи ги ‘талог на општеството’, ‘мекотели’, ‘коленичари’, ‘медиокритети’. Ова не се изјави на обичен политичар, туку на премиер кој ги навредува сопствените граѓани. Но, Мицкоски не се извинува. Напротив, продолжува да ги навредува граѓаните и со своите постапки“, велат од СДСМ.
„Мицкоски, заедно со својот прв човек и пратеник на Вучиќ – Иван Стоилковиќ, пцуе и ги навредува пратениците во Собранието.
Со ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, со враќањето на Бела палата, симбол на криминалната власт на Груевски, Мицкоски ја претвора во споменик на криминалот и на минатата и на сегашната власт.
Тоа не е само враќање на имот, туку јасна порака дека криминалот се штити, а граѓаните се навредуваат.
Премиерот нема право од собрание да ги навредува граѓаните, ниту да го штити криминалот и криминалците.
Тоа не е сила, туку ароганција и презир кон граѓаните. Кога ќе им се извини Мицкоски на сите оние кои ги навреди“, прашуваат од СДСМ.
