| |

Бугарско-украинскиот културно-образовен центар „Медија“ учествуваше на семинар за бугарски јазик и култура во Благоевград

Бугарско-украинскиот културно-образовен центар „Медија“ од Украина од 29 јуни до 12 јули учествуваше на летниот семинар за бугарски јазик и култура, организиран од Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, пренесува БТА.

На семинарот учествуваа професори и предавачи од универзитетите „К. Д. Ушински“ и „И. И. Мечников“ во Одеса, како и директори и наставници од училишта и предучилишни установи од Одеската област.

Програмата опфати секојдневна практична настава по бугарски јазик, предавања за бугарската култура, нематеријалното наследство, регионалната историја и современите наставни методи. Учесниците ги посетија Рилскиот манастир, Банско, Бајкушевата мура во Националниот парк „Пирин“ и повеќе знаменитости во Благоевград.

Семинарот заврши со свечено доделување сертификати. Центарот „Медија“ оцени дека учеството придонесува за развој на бугарско-украинското образовно и културно партнерство и за зголемување на интересот за бугарскиот јазик и култура.

Центарот, основан во 2017 година, има 11 филијали во Украина, во кои учениците изучуваат бугарски јазик и литература, историја, географија и економија, кореографија и ликовно творештво.



Слични Објави