| |

ГРАЃАНИТЕ ЈА ПОДДРЖУВААТ ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГДУ ЗА ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ И СОВЕТНИЦИ И НУЛА ПРИВИЛЕГИИ ЗА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Помалку пратеници и советници и нула привилегии за политичарите е новата политичко-граѓанска иницијатива . Неа за првпат во јавноста ја турна ГДУ за од вчера таа независно да биде поддржана и од граѓанската асоцијација Цивил.

„Пред се ние ја поздравуваме одлуката да се започне со активности во таа сфера и на ниво на Влада и на ниво на парламент ,меѓутоа сакаме да ја алармираме јавноста дека тоа не е доволно.Имено ние со нашата иницијатива „Крај за раситништвото“ бараме укинување на сите привилегии на фукционерите , било да се именувани или избрани.Козметичкото менување на овие прописи кои им обезбедуваат привилегии нема да го прифатиме .Едноставно привилегиите мора да се укинат “ изјави Џабир Дерала, претседател на ГА „Цивил“

Речиси во истовреме, конкретна и многу штедлива идеја предложи и ДС на Павле Трајанов. Тој смета дека бившите претседатели непотребно имаат доживотни и расипнички привилгии:

„Поранешните претседатели да имаат пензија остварена според постојниот закон и канцеларија без персоналот која ќе биде во Собранието. Поранешните претседатели не треба да имаат посебен кабинет по свој избор, а обезбедување да имаат само во исклучителни ситуации“, истакна Трајанов.

Колку овие изјави дадени од политичари се реална грижа за државните трошоци, а колку сепак зад нив се крие и одредена доза на популизам:

„Никогаш нема популизам ако се работи за реални мерки на штедење , дали тие во даден момент може да звучат популистички , можат , но ако има реален момент да се донесат до некоја рационализација . Доколку се најде некое рационално соодветно решение . Секоја рационализација и штедење ,бидејќи во Р. Македонија едншка треба да се донесе во врска сите да штедиме, а тие треба пред нас да штедат “ изјави Љубиша Николовски, политички аналитичар

Дека раката на политичарите во граѓанските пари станала многу долга согласни се и граѓаните, жртви на нивните алчни избраници.

„Треба да се укинат тие зимат многу со тие нивни додатоци, таа пара не е заслужена.Оти они пишуваат со авиони , со претрпени стравови многу се собере , ако они кажуваат дека зимаат по 70-80 илјади плата“

„Се тоа треба да се укине“

„Превише се тоа пари , џабе ние сме си криви ние ги бираме“

Иако новата иницијатива за привилегии за политичарите станува се поактуелна, прашање е дали политичарите државните пари ќе ги остават барем малку да одлежат на сметките.

За потсетување, жестокиот притисок на јавноста на функционерите од 30 на 20 % лани им ги намали компензациите за патни трошоци што е и единствената каква таква победа на јавноста над привилегиите.

Во меѓувреме, иако расположениети на граѓаните е познато, речиси ниту еден политичар добровоно не се откажа од она што е законско, но во многу случаи не ниту етично нито обзирно. Мира Стојчевска, Бети Рабаџиеска Наумовска , Алија Камбероски, Хари Локвенец , Милева Ѓорѓиева и останатите го возат својот политички пат дебело наплаќајќи ги државнвите привилегии. До кога ќе возат, можеби наскоро ќе зависи и од граѓаните.

Извор: ТВ Стар



Слични Објави