ПЕНДАРОВСКИ: СИТЕ ШТО СЕ СПОМНАТИ ВО „РЕКЕТ“ ТРЕБА САМИ ДА ДАДАТ ИЗЈАВИ, А НЕ ДА ЧЕКААТ ДА ГИ ПОВИКА НАДЛЕЖЕН ОРГАН
Претседателот Стево Пендаровски смета дека сите споменати во случајот „Рекет“ сами треба да се пријават и да дадат изјави, а не да чекаат да бидат повикани од надлежните органи.
„Мислам дека секој што е споменат, треба да даде изјава, дури и ако не е повикан од надлежен орган. Едноставно, како политичари сме должни да дадеме чист одговор пред јавноста дали преку соопштение или преку изјави пред надлежен орган и да кажеме – јас со таа и таа работа немам ништо, изјави Пендаровски за време на својата денешна посета на Велес.
