| |

Јотова во Златоград: Родопите заслужуваат многу посилно присуство во туристичката промоција на Бугарија

Родопите заслужуваат многу посилно присуство во туристичката промоција на Бугарија, изјави претседателката Илијана Јотова при посетата на Златоград, јавува БТА.

Придружувана од археологот проф. Николај Овчаров, таа го разгледа Стариот Златоград, кој го опиша како „музеј на отворено“ што ги зачувал преродбеничкиот дух, традиционалните занаети и бугарското културно наследство.

„Како институции сме им должници на луѓето овде, бидејќи недоволно го промовираме овој крај – и пред Бугарите и пред странските посетители“, рече Јотова.

Таа предложи создавање културни маршрути што би ги поврзале Крџали, Перперикон, Златоград, тракиските споменици, природните знаменитости и преродбеничкото наследство на јужна Бугарија. Според неа, ваквите маршрути би биле значајни и за странските туристи и за бугарските деца.

Јотова го посети Етнографскиот ареален комплекс, првиот и единствен приватен етнографски музеј на отворено во Бугарија, Археолошко-етнографскиот музеј и музејот „Дељо ајдутин“.

Претседателката ги повика жителите да продолжат да ја зачувуваат архитектурата и идентитетот на Златоград. Претходно во текот на денот таа ги посети Крџали и Перперикон.



Слични Објави