Ансамблот „Булгарика“ ќе го претстави бугарскиот фолклор на меѓународен фестивал во Чикаго
Танцовиот ансамбл „Булгарика“ при истоимениот културен центар во Чикаго денеска, 9 август, ќе го претстави бугарскиот фолклор на Wheeling International Folk Festival, соопшти Културниот центар „Булгарика“, пренесува БТА.
Настапот на бугарскиот ансамбл е предвиден за 15:30 часот по локално време во Heritage Park Performance Pavilion во Вилинг, Илиноис.
„Десетици народи, една сцена. На 9 август бугарскиот фолклор ќе биде меѓу нив“, порачаа од „Бугарика“.
Од центарот ги повикаа Бугарите во Чикаго да го поддржат настапот, нагласувајќи дека претставувањето на традиционалните ора пред меѓународна публика е силна промоција на бугарската култура.
Wheeling International Folk Festival обединува културни заедници од различни делови на светот со програма од музика, танци, традиции и меѓународна кујна.
Влезот на фестивалот е бесплатен.

