| |

Стоп за омразата!

Добре Митрев

Случајот со Бекир Кадриовски, кој беше нападнат во Вевчани, повторно го отвора прашањето: до каде сме подготвени да дозволиме поделбите и нетрпеливоста да нè водат?

Без разлика кои биле причините и околностите за конкретниот напад, насилството не смее да биде начин за пресметување со луѓето поради нивните ставови, потекло или начинот на кој го изразуваат својот идентитет.

Зошто омраза кон луѓето кои се изјаснуваат како македонски Бугари? Секој човек има право слободно да го изразува својот идентитет, без страв, навреди и насилство.

Можеме да имаме различни ставови и различно гледање на историјата, но тоа не значи дека треба да бидеме непријатели.

Подобар е соживотот отколку омразата.
СТОП за насилството. СТОП за омразата.
Да избереме почит, соживот и човечност.🇲🇰🇧🇬

Слични Објави