| |

Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија“ во 2027 година

Бургас ќе биде домаќин на музичкиот натпревар „Евровизија“ во 2027 година, соопшти денес Бугарската национална телевизија (БНТ). Полуфиналните вечери ќе се одржат на 11 и 13 мај, а финалето на 15 мај, пренесува БТА.

Во трката за домаќинство првично беа Софија, Пловдив, Варна и Бургас, а во завршната фаза останаа Бургас и Софија. На 15 јули претставници на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го посетија Националниот дворец на културата во Софија како дел од постапката за избор.

На 12 август организаторите на „Евровизија“ објавија и промени во правилата за 2027 година. Според нив, победникот нема автоматски да може да биде домаќин доколку неговата земја учествува во вооружен конфликт или се наоѓа во „чувствителна геополитичка ситуација“.

Слични Објави