| |

Бугарската економија порасна за 2,7 отсто во вториот квартал на 2026 г.

Бруто-домашниот производ на Бугарија во вториот квартал од 2026 година пораснал за 2,7 отсто на годишно ниво и за 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот статистички институт, пренесува БГНЕС.

БДП во периодот април–јуни достигнал 29,68 милијарди евра. Главни двигатели на растот биле потрошувачката и инвестициите. Крајната потрошувачка се зголемила за 7,6 отсто на годишно ниво, а инвестициите во основен капитал за 8 отсто.

Надворешната трговија имала негативен придонес – извозот на стоки и услуги се намалил за 2,8 отсто, додека увозот пораснал за 6,9 отсто.

Стапката на невработеност се намалила за 0,1 процентен поен на годишно ниво, на 3,5 отсто. Без работа биле 107.100 лица, а стапката на вработеност кај населението на возраст од 15 до 64 години изнесувала 70,5 отсто.

Најголем дел од вработените, 66,9 отсто, работеле во услужниот сектор, 28 отсто во индустријата, а 5,1 отсто во земјоделството, шумарството и рибарството.

Слични Објави