Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје со поддршка за 37-та Ликовна колонија „Галичник“, меѓу учесниците е и бугарскиот ликовен уметник Радостин Седевчев
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје упати поддршка и желби за успешна реализација на 37-то издание на Ликовната колонија „Галичник“, која се одржува од 12 до 19 август 2026 година во Галичник. Од Центарот истакнаа дека ја поддржуваат мисијата на колонијата и нејзините културни заложби, како и работата на претседателката на колонијата, д-р Ана Франговска.
„Веруваме во мисијата на „Галичник“, во каузите на колонијата и во посветеноста на нејзината претседателка д-р Ана Франговска“, соопшти Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.
Годинешната тема на колонијата е „Галичник како медиум“, за која од Центарот оценуваат дека има значење што ги надминува рамките на самата манифестација.
Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје во изминатите години бил партнер на оваа културна иницијатива. Меѓу учесниците на годинашното издание е и бугарскиот уметник Радостин Седевчев.
Од Центарот им посакаа успех на сите учесници од различни земји и успешна реализација на 37. Ликовна колонија „Галичник“.
