Апелацискиот суд во Штип не ѝ дозволи на Ива Михаилова да се лекува во Бугарија
Апелацискиот суд во Штип ја отфрли жалбата на Ива Михаилова против одлуката на Основниот суд во Кочани, со која не ѝ се дозволува да го напушти градот и да отпатува на лекување во Бугарија, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).
Одлуката е конечна, а во истата се наведува дека „против неа не е дозволена жалба“.
Според Апелацискиот суд, медицинското мислење го потврдува постоењето на здравствено оштетување, но не докажува во доволна мера дека медицинската процедура е итна или неопходна.
Судот оценил и дека не се доставени доволно нови факти или околности што би наложиле промена на претходната одлука.
Во образложението се наведува дека одземањето на пасошите и забраната Михајлова да ја напушти Северна Македонија не ги повредуваат нејзиното право на лекување и правото на личен и семеен живот.
Апелацискиот суд смета дека обвинетата може да добие медицински третман и во Северна Македонија.
На почетокот на месецот Основниот суд во Кочани повторно го одби барањето на Михаилова да се лекува во Бугарија. Младата жена има и бугарско државјанство, а нејзиниот случај е тема на серија прилози на Бугарската национална телевизија.

