Во Бугарија студираат 17.889 странски студенти
Во државните и приватните високообразовни установи во Бугарија во академската 2025/2026 година се школуваат 17.889 странски студенти, соопшти Министерството за образование и наука. Нивниот број е зголемен за 894, односно за над пет отсто во споредба со претходната година, јавува БТА.
Од вкупниот број, 7.034 студенти се од 26 земји членки на Европската Унија, а 10.855 доаѓаат од 99 земји надвор од ЕУ. Во споредба со академската 2017/2018 година, бројот на странски студенти е зголемен за 24 отсто.
Најбарани се медицинските насоки – 7.861 странски студент студира медицина, а 1.694 стоматологија. Министерството подготвува национална програма за привлекување повеќе странски студенти.

