„Гала во Софија“ завршува со концерт на Соња Јончева и Дејвид Гарет
Фестивалот „Гала во Софија“ завршува денеска со кросовер-концертот „Сина ноќ“ на оперската прима Соња Јончева и виолинистот Дејвид Гарет пред храмот-споменик „Св. Александар Невски“ во бугарскиот главен град, јавува БТА.
На концертот ќе прозвучат класични дела од Паганини, Бизе и Хендл, современи хитови од Тејлор Свифт, The Weekend, Queen и Едит Пјаф, како и бугарски фолклор. Ќе настапат хорот и оркестарот на Софиската опера, под диригентство на Григор Паликаров и Леонардо Сини.
Гарет гостува во Бугарија во рамките на својата светска турнеја, на покана на Јончева. Тој ќе изведе и композиции од новиот албум „Millennium Symphony“, во кој интерпретира популарни дела од последните две децении.
Првата фестивалска вечер настапи францускиот диџеј Шарл Б, а втората беше посветена на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, со Соња Јончева и Јонас Кауфман.
