Поранешниот министер за надворешни работи Георг Георгиев и Красимир Терзиев од ГЕРБ ќе присуствуваат на судењето против Ива Михаилова во Кочани
Пратениците на ГЕРБ, Георг Георгиев (поранешен министер за надворешни работи на Бугарија) и Красимир Терзиев, ќе присуствуваат на судското рочиште во Кочани против 23-годишната Ива Михаилова, која има бугарско и македонско државјанство, соопштиja од партијата ГЕРБ, пренесува БГНЕС.
Од ГЕРБ наведуваат дека внимателно го следат случајот и го поддржуваат нејзиното право на правично судење и на продолжување на неопходното лекување во Бугарија.
БГНЕС потсетува дека Михаилова добила тешки повреди на ’рбетот и делумна парализа во сообраќајна несреќа во есента на 2025 година. Против неа се води кривична постапка, а поради истрагата ѝ се одземени личните документи и ѝ е забрането да го напушти Кочани.
Основниот суд во Кочани и Апелацискиот суд во Штип, со конечна одлука од 20 август 2026 година, одбиле да ѝ дозволат да отпатува во Бугарија за специјализирана операција која, според информациите, не се изведува во Северна Македонија.
Бугарското Министерство за надворешни работи го оцени одбивањето како нехумано и најави употреба на правни и дипломатски механизми за заштита на нејзините права.
