Радев: Бугарската држава нема да ги остави своите граѓани сами пред стихијата
Бугарската држава ќе обезбеди финансиска помош и ќе ја обнови инфраструктурата во општина Струмјани, погодена од поплави, изјави премиерот Румен Радев при посетата на настраданото подрачје, јавува БГНЕС.
По процената на штетите, погодените граѓани ќе добијат еднократна социјална помош до 1.171 евро, која се очекува да биде исплатена на почетокот на септември. Дополнителната помош може да достигне 4.000 евра.
„Бугарската држава нема да ги остави своите граѓани сами пред стихијата“, изјави Радев.
Екипи на повеќе министерства ги расчистуваат улиците и домовите и работат на обновување на водоснабдувањето, електричната енергија и сообраќајот на автопатот „Струма“. Владата најави и воздушно мапирање на критичните подрачја за превентивно насочување на средствата.

