КОЧАН: МОЈАТА ФИРМА НЕМА ДОНИРАНО СРЕДСТВА ЗА ВМРО-ДПМНЕ
Бизнисменот Сеад Кочан утринава од затворот „Идризово“, каде што издржува затворска казна од 4 години и 8 месеци, беше донесен во Кривичниит суд, за да сведочи за случајот „Титаник“, јавува Фокус.
Кочан е повикан за сведок од страна на обвинителката Лиле Стефанова.
На прашањето на обвинителката дали фирмата „Трансмет“ на која бил управител, во 2011 година донирала пари за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, Кочан одговори дека компанијата не донирала.
Тогаш Стефанова го праша дали тој како физичко лице донирал средства за партијата, но баш тогаш двокатот Донче Наков побара збор па рече дека не е сигурен дека сведокот разбрал дека на одредени прашања не треба да одговори, за да не се изложи себе си на кривична одговорност. Тогаш Кочан рече дека не се сеќава, но сепак мислел дека никогаш не дал пари на било која политичка партија.
По неговото кусо сведочење, Кочан беше вратен назад во затворот.
