Македонски и бугарски специјалци договорија заеднички вежби
Во мај месец треба да започнат заедничките подготвки на специјалните сили на двете армии. Вежбите се договорени во согласност со морандумот за соработка меѓу армиите на Македонија и Бугарија.
Како што е објавено на сајтот на Министерството за одбрана на Бугарија, главна тема во разговорите било одржувањето заеднички подготовки на специјалните сили на двете земји во мај оваа година.
На состанокот присуствувале и претставници на военото воздухопловство, Здружената оперативна команда и воената полиција.

