Гала-концерт во Ереван за Денот на независноста на Бугарија
По повод 22 септември – Денот на независноста на Бугарија, во Ерменскиот национален театар за опера и балет во Ереван ќе се одржи гала-концерт со учество на бугарски и ерменски оперски уметници, соопшти бугарската амбасада во Ерменија, пренесува Радио Бугарија.
Настанот се организира со поддршка на бугарскиот амбасадор Никола Николов и со учество на Пламен Карталов, директор на Софиската опера и балет.
На програмата се дела од Верди, Пучини, Вагнер, Гуно, Бизе, Сен-Санс и други композитори. Од Бугарија ќе настапат Габриела Георгиева, Радостина Николаева, Мартин Илиев, Венцеслав Анастасов и Петар Бучков.
Концертот е замислен како израз на културното партнерство и пријателството меѓу Бугарија и Ерменија.

