| |

Во Софија ќе биде одбележан Денот на бугарската воена авијација

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов и началникот на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, утре, 16 октомври, ќе учествуваат на свеченото одбележување на Денот на авијацијата и на бугарските Военовоздухопловни сили (ВВС), јавува Инфоцентарот на Министерството за одбрана на Бугарија.

Годинава се навршуваат 114 години од првиот борбен лет на бугарската воена авијација.

По традиција, пред Споменикот на пилотот во Софија ќе се одржи церемонија на положување венци и цвеќе во спомен на бранителите на бугарското небо кои загинале за слободата на земјата и при извршување на воената должност во мирновременски услови.

На церемонијата ќе присуствуваат претставници на командниот состав и припадници на ВВС, Репрезентативниот гардиски дувачки оркестар и формација на Националната гардиска единица. Поканети се и претставници на вооружените сили, Претседателството, Советот на министри, дипломатскиот кор, локалната власт и ветерани од ВВС.

Слични Објави