„Крвава свадба“ на режисерот и кореограф Филип Петковски ја отвора новата театарска сезона во Благоевград
Театарско-танцовиот спектакл „Крвава свадба“, инспириран од творештвото на Федерико Гарсија Лорка, вечерва од 19:00 часот премиерно ќе биде изведен на големата сцена на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, со што ќе биде отворена новата театарска сезона, јавува БТА.
Режијата на претставата е на режисерот и кореограф од Северна Македонија Филип Петковски, кој драмскиот текст и движењето ги поставува како рамноправни изразни средства. „Кога работите театар според овој принцип, телото е исто толку важно колку и текстот“, вели Петковски.
Претставата не е буквална реконструкција на приказната на Лорка, туку авторска адаптација во која акцентот е ставен врз судирот меѓу традицијата и должноста, од една страна, и младата генерација, од друга. Музиката е на Петар Дундаков и е составен дел од драматургијата.
Во актерската екипа се Ванина Јорданова, Самуил Сребрев, Недилјана Павлик, Лора Христова, Билјана Дилкова, Огњан Спиров, Теодор Каракачанов, Камен Стефанов, Иван Николов и други. За дел од младите актери ова е прв настап на професионална сцена.
Сценографијата е на Мартин Манев, костимите на Антонија Гугинска Јорданоска, а асистент-режисер е Кирил-Јоан Миленков.
Спектаклот се реализира со финансиска поддршка од Националниот фонд „Култура“ и од Европската Унија преку програмата Culture Moves Europe.

