| |

Бугарското МВР со иницијатива „Малите големи херои“

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев денеска ќе ја започне иницијативата „Малите големи херои“, со која ќе се одликуваат деца и младинци кои покажале храброст и одговорно граѓанско однесување, соопшти бугарското МВР, пренесува Пиринско.

На церемонијата, која ќе се одржи од 12 часот во Министерството, Демерџиев ќе додели награди на деца и младинци кои помагале во справувањето со последиците од поплавата во селото Струмјани. Најмладиот волонтер има само седум години. Ќе бидат одликувани и млади кои помогнале во апсењето на лице што лажно се претставувало како полицаец.

Иницијативата била поттикната од средбата на Демерџиев со 16-годишниот Стилијан Трендафилов и 17-годишниот Тонислав Леков, кои претходно биле наградени за помошта во спасувањето на селото Кошарица од голем пожар.

Слични Објави