| |

„Евровизија“- Најголемата туристичка компанија во светот воведува директен лет од Стокхолм до Бургас

Туристичката компанија TUI Sweden ќе воведе дополнителен директен лет од Стокхолм до Бургас во мај 2027 година, со цел да им овозможи на шведските фанови да присуствуваат на целата евровизиска недела, јавува Actualno.com.

TUI соопшти дека порано ќе ја започне летната сезона на директната линија Стокхолм-Арланда (ARN) – Бургас (BOJ), поради очекуваниот зголемен интерес за Евровизија 2027.

Дополнителниот лет од Стокхолм е планиран за 10 мај 2027 година, а повратниот лет ќе биде една недела подоцна.

Според компанијата, распоредот ќе им овозможи на патниците да присуствуваат на полуфиналните вечери, големото финале и другите јавни настани поврзани со музичкиот натпревар.

TUI го образложува потегот со големиот интерес за Евровизија меѓу шведската публика.

Диан Мартинез Валенсија, менаџер за комуникации во TUI, го истакна „огромниот интерес“ на Швеѓаните за музичкиот натпревар.

Со воведувањето на дополнителниот лет, компанијата очекува полесно патување на фановите од Шведска до Бургас во периодот на одржување на Евровизија 2027.



Слични Објави