| |

Бугарија е домаќин на меѓународната поморска вежба „Тритон – 2026“

Бугарија е домаќин на меѓународната нуркачка вежба на Военоморските сили „Тритон – 2026“, во која учествуваат воени лица од Бугарија, Романија и Турција, јавува Армимедија.

Вежбата се одржува во реонот на поморската база Варна и во бугарските територијални води, а целта е унапредување на способностите за планирање и спроведување нуркачки и противмински операции во сојузнички формат.

Посебен акцент е ставен на справувањето со минската опасност и обезбедувањето слободна пловидба во Црното Море.

За првпат годинава во „Тритон“ учествува и романскиот брод за поддршка на нуркачки активности „Григоре Антипа“.

Слични Објави