| |

Премиерот на Чешка Андреј Бабиш е во официјална посета на Бугарија

Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, пристигна во официјална посета на Бугарија на покана на бугарскиот премиер Румен Радев. Во фокусот на разговорите се очекува да бидат главните теми од европската агенда, транспортната поврзаност и билатералната економска соработка, јавува БНТ.

Бабиш беше пречекан од Радев пред Споменикот на незнајниот воин, по што двајцата премиери заминаа во зградата на Советот на министри на средба во четири очи. Предвидени се и разговори меѓу делегациите на двете земји.

Во Гранитната сала на Советот на министри се очекува Бабиш и Радев да се осврнат на главните прашања од европската агенда, вклучително и темите опфатени во говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Меѓу темите за кои се очекува да се разговара е и транспортната поврзаност. Радев претходно, на средба со претставници на транспортниот сектор, посочи дека една од важните цели на Бугарија е земјата да се развие како значаен транспортен коридор меѓу Европа, Азија и Балканот.

Се очекува да биде разгледана и темата поврзана со најавата на Саудиска Арабија за намалување на испораките на сурова нафта за Европа. Подоцна во текот на посетата, двајцата премиери треба да отворат бизнис-форум, на кој е предвидено потпишување билатерални договори.

Слични Објави