| | |

(Видео) „КвАРТал Фестивал 2026“ го оживува историскиот центар на Софија

Историскиот центар на Софија од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на „КвАРТал Фестивал 2026“, кој годинава е посветен на прашањето како ќе изгледа стариот град во следните 10, 20 или 50 години, јавува Euronews.bg.

Фестивалот ќе се одржи во неколку пешачки зони и на повеќе од 60 локации, меѓу кои галерии, ателјеа, културни простори, ресторани и барови.

Програмата опфаќа култура, архитектура, наследство, музика, уметност, гастрономија и разговори за иднината на градот.

Иницијаторката на проектот Мартина Стефанова изјави дека често се заборава оти и Софија има свој стар град и дека поголемото внимание кон овој дел од престолнината може да придонесе за негово зачувување и развој.

Слични Објави