| | |

На 17 септември 1912 година Бугарија, Србија и Грција ѝ поставиле ултиматум на Отоманската Империја да го спроведе Берлинскиот договор

На овој ден во 1912 година Бугарија, Србија и Грција ѝ поставиле ултиматум на Високата порта, барајќи итно спроведување на Берлинскиот договор и автономија за европските вилаети на Отоманската Империја. По одбивањето на барањето, балканските држави започнале општа мобилизација, пишува Актуално.

Бугарскиот цар Фердинанд го потпишал указот бр. 5 за општа мобилизација на вооружените сили, а со указот бр. 6 била прогласена воена состојба. Слични мерки презеле Србија, Грција и Црна Гора.

По почетокот на мобилизацијата во Бугарија започнало и пријавувањето доброволци за Македонско-одринското ополчение. За краток период од време се собрале 1.500 доброволци од Дебарско и Реканско, кои на Колодрумот во Софија го прогласиле формирањето на Дебарската ополченска дружина.



Слични Објави